E-Partner нов лесен комерцијалист на струја од понудата на Peugeot

Peugeot e-Partner официјално е претставен на европскиот пазар, со што електричното комерцијално возило се приклучува на e-Expert во понудата на брендот …

Француската компанија Peugeot официјално го претстави e-Partner, своето најново електрично лесно комерцијално возило кое е базирано на EMP2 модуларната платформа и користи електромотор кој испорачува моќност од 136 КС и 260 Nm вртежен момент и се напојува од 50 kWh литиум-јонска батерија.

Од Peugeot велат дека нивното електрично комерцијално возило може да забрза до „стотка“ за 11,2 секунди, додека максималната брзина е 129 километри на час, а опсегот на движење со едно полнење е 275 километри според WLTP циклусот.

Батеријата може да се наполни целосно за 5 часа приклучен на 11 kWh полнач, или за 30 минути до 80 проценти на 100 kW станица за полнење.

Моделот е достапен со два типа на полначи за во автомобил, еднофазен 7,4 kW и трофазен опционален од 11 kW.

Возачите можат да изберат меѓу три режими наречени Eco, Normal и Power, со што максималната моќност и вртежен момент се достигнуваат во последниот. Eco режимот располага со 82 КС и 190 Nm вртежен момент, додека Normal нуди 109 КС и 210 Nm.

Исто така достапни се и два режими за сопирање – Moderate и Augmented, со тоа што вториот ја максимизира рекуперацијата од сопирачката енергија.

Peugeot e-Partner се нуди со две верзии на растојание помеѓу оските  – 4,4 метри долгиот Standard и 4,75 метри долгиот Long.

Максималниот товарен капацитет изнесува 4,4 кубни метри, а максималната товарна тежина е 800 кг.

Моделите се достапни во Professional и Asphalt трим нивоа, додека првиот се нуди и како патничка верзија со капацитет за пет лица.

E-Partner пристигнува и со специјално адаптиран i-Cockpit, e-Toggle контрола која овозможува возачите да изберат меѓу Park, Reverse, Neutral и Driva, како и посебен прекинувач за три возачки режими.

Покрај тоа електричното комерцијално возило за дотур на стока пристигнува со сателитска навигациј.а со предупредувања за сообраќајот во реално време, засилена пешачка безбедност ….

Од Peugeot најавија дека ќе го лансира e-Partnerна пазарите во Европа подоцна оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Tucson го помина тестот на северен елен со солидни 71 км/ч

Нови детали за иновативниот Hyperscreen дисплеј во EQS

Cupra Formentor и Polestar 2 на EuroNCAP Crash Test со максимални оцени!

Во Сингапур се тестираат автобуси во јавен сообраќај

Cupra започнув нова ера со Cupra Born

Ford разви панел за подобра видливост за патари и другите служби ноќе

Ducati Smart Jacket- елек со интегрирано воздушно перниче

Huawei влегува во автомобилски бизнис

Audi унапреди неколку PHEV модели со помоќни, поголеми батерии