EICMA ги објави датумите за 2021 година

Годинешното издание на салонот EICMA во Милано беше откажано од добро познати причини, но водечките луѓе на овој настан планираат големо враќање веќе следната година, во која гледаат со голем оптимизам…

Фактот што го објавија распоредот за 2021 година покажува дека тие се сериозни. Сметан за еден од најголемите годишни настани во мото-индустријата, EICMA ќе се одржи следната година од 25 до 28 ноември. По традиција, 23 и 24 ноември се резервирани за припадниците на „седмата сила“.

Кога станува збор пак, за можните ограничувања во однос на посетителите, тоа ќе зависи од ситуацијата поврзана со вирусот корона и претстојната вакцинација против COVID -19.

Ова е добра вест, особено имајќи предвид дека некои салони одлучија да ги откажат изданијата за 2021 година.  Тука, пред сè, мислиме на оној во Токио, но исто така и на INTERMOT.

Сепак, саемот во Милано и Келн се одржува на секои две години, непарна кај Италијанците, а парна кај Германцитесе  а организаторите не сакаа да ја променат моменталната динамика. EICMA е, засега, e еден од ретките настани што го објавија распоредот за 2021 година, иако треба да почекаме да се развие ситуацијата во текот на следната година.

Сè уште е рано за повеќе информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата во Милано доби засилување на две тркала

Moto Guzzi со нови модели го слави 100-от роденден

Ducati го произведе 350.000-от Monster

Претставена MV Agusta Superveloce Alpine – во лимитирана серија

BMW електричен концепт со странична приколка

SYM EF3 претстави електричен скутер

Нова заедничка креација на Ducati и Lamborghini – Diavel 1260

Новиот BMW S1000R

BMW Motorrad Definition CE 04