Екологија и Renault од пластични шишиња до нов ентериер!

И од порано се знаеше дека Французите вложуваат огромни ресурси и пари во екологијата, a со ова последното, само потврдуваат дека сериозно работат на тоа поле…

Новата генерација на Renault Zoe што наскоро треба да се појави на глобалната автомобилска сцена повторно од многу причини ќе биде интересен автомобил.

 

Освен се уште интересната приказна за електромоторите, сега ќе биде интересен и да се говори за патничката кабина што ќе добие поинаква форма и суштина одошто досега.

Во Renault се здружиле со две компании и под заедничкото име  Filatures du Parc и Adient Fabrics ќе произведуваат облоги на седиштата од рециклирани материјали– а во овој случај станува збор за стари сигурносни ремени во возилата, ткаенини и од амбалажата што се враќа, односно од пластични шишиња, чаши, безбеносни појаси….

Да добро прочитавте – пластични шишиња.

Спомнатото еколошко претпријатие го претстави целиот проект, за кој тврди дека дури за 60 % ја намалува емисијата на CO2 во процесот на производство на облоги на седиштата.

Од Renault одлучиле оваа иницијатива да ја пласираат во своите производи во иднина, a самите, при тоа потенцираат дека новите материјали ги задоволуваат барањата и критериумите во однос на удобноста но и на нивната трајност.

Навистина делува фантастично и кој знае можеби новите генерации на Talisman и остатокот од свитата што е во портфолиото на производителот на автомобили од Франција ќе бидат дел од оваа приказна.

Ништо не е неможно а ние со голема наклоност гледаме кон напорите што Renault ги прави на полето на екологијата, односно на зачувување на човечките ресурси и животната средина.

Всушност Французите од секогаш се стремеле да бидат иновациски настроени и тренд сетери не само во полето на модата и индустријата, туку и во стилот на живеење. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најдобри од најдобрите – најбезбедни автомобили во 2019 година

Која е димензијата на Вашите гуми?

ID.3 со софтверски проблеми, но VW продолжува со производство!

ЕУ сака уште повеќе да ги намали емисиите на СО2

На прославата на 50 години Kamaz присуствувал Путин, a најавен е нов камион!

Целта на Jeep е  да биде „нај зелениот“ SUV бренд до 2022 година

Од 2020 TDI моторите со сервисни интервали од  24 месеци или 30.000 km

Дузина (12) автомобили на новиот Euro NCAP crash тест

Аутомакедонија со зимски сервис по супер поволни услови!