Екс шефот на Renaulta Тиери Болоре е именуван за нов извршен директор на Jaguar Land Rovera

Денес беше објавено дека Французинот ќе го наследи Сер Ралф Спет (Sir Ralf Speth) на чело на најголемиот британски производител на автомобили….

Французинот ќе ја преземе својата нова улога на 10 септември, откако беше отпуштен од бордот на директори на групата Renault , во октомври минатата година…

Извештаите во тоа време сугерираат дека Renault имал намера да се дистанцира од засрамениот поранешен шеф Карлос Госен (Carlos Ghosn) и дека Болоре имала тешки релации со шефовите во партнерскиот бренд Nissan.

Назначувањето за нов извршен директор на JLR го најави Натарајан Чандрасекаран (Natarajan Chandrasekaran), претседател на индискиот концерн ТАТА, матична компанија на JLR.

Сер Ралф Спет, кој неодамна ја објави оставката како извршен директор по 10 години на чело, ќе ја преземе улогата на неизвршен потпретседател на JLR

Болоре на својата нова позиција со себе носи повеќе од 30 години искуство, откако претходно имал управувачки улоги во производителот на гуми Michelin и производителот на делови Faureciа пред да се приклучи на управниот одбор на Renault Групацијата во септември 2012 година.

Тој беше назначен за извршен директор на 24 јануари 2019 година, но тој беше на таа позиција само 10 месеци пред да биде заменет во изненадувачки потег од самото раководство.

За време на неговиот краток мандат, тој сакаше да ја испита можноста за партнерство со Fiat Chrysler Automobiles, но тие разговори не успеаја во јули 2019 година затоа што француската влада не сакаше да го намали својот удел во Renault,  а и Nissan беше обвинета за опструкција на разговорите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пробни камери за „лoвење! на тие што снимаат сообраќајки на пат!

Над 600 илјади хотели во светот го прифаќаат биткоин како валута!

Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!

Наспроти кризата со корона вирусот Peugeot најави враќање на пазарот во САД веќе 2023

Турција и официјално има најдолга велосипедска патека на светот

McLaren F1- денес вреди 16 милиони фунти

Audi RS7 Sportback  со 962 КС

Помал Tesla Cybertruck за Стариот континент