Ексклузивен и уникатен  Bugatti Chiron Hermes, само за многу богатите

Тајкунот во сегментот на недвижнини од СAД – познатиот колекционер на автомобили и инфлуенсер на социјалните мрежи, Мени Кошбин ( Manny Khoshbin), додал уште еден врвен модел во својата гаража, каде, патем, веќе се наоѓаат некои од најретките автомобили во свтотот …

Последниот автомобил во низата што се приклучил на таа интересна флота е Bugatti Chiron правен по нарачка, кој се изработувал повеќе од три години, a осмислен е во соработка со дизајнерите на француската модна марка – легендарниот Hermes.

Претприемачот од Калифорнија на својот Инстаграм објавил детален опис од сите фази на овој интересен и специфичен проект.

Единствениот – уникатен  ( 1 of 1) -Chiron for Koshbin модел на себе носи единствена нијанса на крем боја на екстериерот, со интересен дизајн на мрежата на предната решетка заедно со вшмукувачите за воздух,како и интерсни детали на големиот заден спојлер на „опашот“, во форма на логото на модниот бренд Hermes.

Но, како и да е тајкунот не дозволил да ѕирнеме и во интимата (внатрешноста) на неговото ново хипер моќно и хипер ексклузивно милениче на четири тркала. Но потенцирал дека внатрешноста е „облечена“ во бело обоена кожа, што специјално за его ја креирале дизајнерите и креаторите од брндот Hermes.

Единствениот Bugatti Chiron Hermes исто така има имплементирано  Sky View стаклен покрив, што познатиот бренд го претстави он рајот на минатата година..

Стаклениот, прозрачен, покрив со два панела е направен од четири слоја што заедно се ламинирани, што помага при филтрирањето на ултра – виолетовите зраци.

Покрај тоа, на тој начин е за  2.7 cm зголемена висината на овој интересен примерок.

Во овој момент немa ниту збор за цената што Мени ја платил како би го добил овој така изработен модел, но знаеме, со сигурност, дека тоа не е прв пат да соработува со Hermes брендот во изработката на уникатни егзотични автомобили.

Потсетуваме, за тие што повеќе се вдлабочени во светот на автомобилите, само пред неколку години, тој заедно со нив го осмислил и уникатниот  Pagani Huayra, што бил „облечен“ во златно – кафен карбон, a комплетиран е и со уникатни детали, како во внатрешноста, така и на надворешноста, на супер автомобилот.

Вистина, кој има, а во исто време и умее и може, ќе добие се што ќе замисли и ќе посака.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Unimog се „качи“ на највисокиот вулкан во светот и стана апсолутен рекордер

PD One автомобил што лета инспириран од Ferrari

Светската тнисерска ѕвезда- Новак Ѓоковиќ во реклама за Peugeot e-208

Автомобилската колеција на Пол Вокер продадена за 2,33 милиони доалри

BMW i4 concept пристигнува за малку повеќе од еден месец во Женева!

За првиот нов Chevrolet Corvette Stingray платени 3 милиони долари!

Audi и FC Bayern München продолжуваат заедно- фудбалерите добиваат e-tron!

Специјална Royale серија модели на Maserati за супер избирливи клинти!

Ford Mustang GT од филмот Bullitt продаден за 3,74 милиони долари