Ексклузивно: Новата  Mercedes-Benz GLA во чекор со дигиталните трендови

Новата, втора генерација на GLA ја комплетира моменталната понуда на компактни модели на производителот на премиум автомобили од Штутгарт, a неговото пристигнување во салоните можеме да го очекуваме во вториот квартал на наредната 2020 година …

Со над еден милион произведени примероци, со сигурност можеме да констатираме дека Mercedes-Benz GLA од првата генерација претставувал пазарен хит.

По пет успешни години на пазарот, време е за новата, втора генерација на премиум SUV моделот базиран врз актуелната A Class.

Новата GLA е во согласност со актуелната дизјанерска филозофија на производителот, покрај големата ѕвезда со три краци во маската и решетка на ладилникот со дијамантски стил.

Со висина од 1611 mm ја надминива висината на претходникот за повеќе од 10 cm, a положбата на седење исто така доаѓа со повеќе простор за главите во првиот ред седишта, што ќе го ценат и возачот и со возачот.

На сличен начин и просторот за нозе во задниот ред седишта е исто така попростран без оглед на тоа како GLA е сега за еден сантиметар покус.

Типични „теренски“ дизајнерски карактеристики вклучуваат исправен преден крај,куси над висења и напред и назад како и сеопфатна заштита на подвозјето.

Во понудата ќе биде и 4MATIC изведба која вклучува Off-Road Engineering пакет како дел од стандардната опрема.

Тоа исто така вклучува и дополнителен програм на возење, фумкција на помош при возење по надолница и теренска анимација на медиумскиот екран, заедно во комбинација со MULTIBEAM LED предните светла и специјална функција на светлата за теренско возење.

Унапредени се и функциите на Driving Assistance пакетот што сега вклучува функции на маневрите на вртење, функцијата на коридор во нужда, функција на предупредување при излегување од паркинг што возачот го предупредува на велосипедисти или возила и предупредување кога во близина на „зебра“ се детектираат пешаци.

Тогаш GLA e во можност да реагира, ако тоа не го стори возачот, a Active Brake Assist се активира во многу ситуации со вклучување на автономното кочење за да се избегне судир или за да се намалат последиците од истиот.

Системот исто така може да кочи до брзини од приближно 60 km/h во случај на стационирани возила и пешаци кои минуваат на патот пред возилото.

Внатрешноста, на прв поглед, е идентична како и ка B Class, a се состои од основен волумен кој вклучува оптички „изрези“ на страната на возачот и со возачот.  

Во изрезот (просторот) на страната на возачот доминира само стоечки екран достапен во три верзии: со два седум- инчна  екрана, со еден седум и еден 10,25-инчен екран и во Widescreen изведба, со два 10,25-инчни екрани.

Тука се и веќе познатите тркалезни отвори за вентилирање, севкупно ги има пет на број со лик на турбина и познатото популарно амбиентално осветлување во 64 бои!.

Како дел од стандардната опрема е и интуитивниот MBUX информативно – забавен систем (Mercedes-Benz User Experience) со можност на индивидуално конфигурирање со помош на низа опции.

Многу јасна, графички прилагодлива презентација, head-up дисплеј во боја, навигација со проширена реалност како и софтвер што учи заедно со гласовна контрола што се активира со пораката „Хеј Mercedes“ се круциален придонес кон вој систем.

Во однос на моторизацијата новата GLA исто така нема да ве разочара.

Првите примероци во понудата ќе бидат опремени со две бензински погонски единици, GLA 200 (со турбо бензинец со четири цилиндри и работен волумен од 1,33 литри, со 163 KS) како и пеколно солената (со цена)  AMG GLA 35 изведба опремена со турбо бензинец со четири цилиндри и работен волумен од 2,0 литри, со моч од 306 KS.

И двете верзии на стартот на продажбата се достапни само во комбинација со автоматски менувачи на брзини.

 

Останатите варијанти на бензински и на дизел мотори ќе стасаат подоцна.

Исто така се подготвува и имплементирање на plug-in хибриден погонски систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!  

Delage D12

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!

Наспроти кризата со корона вирусот Peugeot најави враќање на пазарот во САД веќе 2023

Plug-in hybrid BMW 545e

Турција и официјално има најдолга велосипедска патека на светот

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година