Ексклузивно: Новиот Mercedes-Benz Actros – Камион на годината за 2020

„Со воведувањето на новиот Actros, Mercedes-Benz создаде модерен камион, кој го поставува патот на автономно возење“, Грифини, меѓународно жири

Специјализирани новинари од медиумите за следење на комерцијални возила од 24 европски држави го изгласаа Mercedes-Benz Actros за „Камион на годината за 2020 година“.

Тоа е досега 5-та титула воопшто за овој модел, а успешната приказна започна пред повеќе од 20 години, во 1997-та година, кога беше промовирана првата генерација на Actros.

Со вкупно 9 победи, Mercedes-Benz е наjуспешниот бренд во однос на конкуренцијата во трката за признанија при избор на најдобри камиони.

Инаку, гласањето на меѓународното жири за избор на „Камион на годината“ е врз основа на постигнатиот развој на иновативните технологии.

Поголемиот дел од иновациите на Mercedes-Benz се развиени со цел да се постигне напреден начин на користење од страна на возачите и општеството во целина.

Тоа се однесува на безбедноста, ефикасноста и удобноста, што вклучуваат мноштво опции како на пример, мултимедијалниот кокпит, ретровизори-камери кои се наместо надворешните ретровизори, делумно автоматско управување со Active Drive Assist или дополнителните системи за безбедност …

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најдобри од најдобрите – најбезбедни автомобили во 2019 година

Која е димензијата на Вашите гуми?

ID.3 со софтверски проблеми, но VW продолжува со производство!

ЕУ сака уште повеќе да ги намали емисиите на СО2

На прославата на 50 години Kamaz присуствувал Путин, a најавен е нов камион!

Целта на Jeep е  да биде „нај зелениот“ SUV бренд до 2022 година

Од 2020 TDI моторите со сервисни интервали од  24 месеци или 30.000 km

Дузина (12) автомобили на новиот Euro NCAP crash тест

Аутомакедонија со зимски сервис по супер поволни услови!