Експертите велат издувот на модерните дизели почист од воздухот што го вовлекуваат

Откако беше воведен стандардот Euro 6d Temp во 2017 година, дизел моторите веќе не беа „црни овци“ на пазарот…

Комисијата на Европската унија од година во година поставува построги ограничувања на емисиите на СО2. Сите сè уште се сеќаваат на немилиот случај и осудите од сите страни. После тоа, сè се промени значително.

„Дизелгејт“ е сè уште жешка тема во германските медиуми, па затоа германскиот стручњак Ханс-Георг Мармит од организацијата KÜS постави интересен коментар. Благодарение на построгите стандарди за емисија, како што е Euro 6d Temp стандардот воведен во 2017 година, емисијата на азотни оксиди кај новите модели драстично опаднале.

Токму заради методот на мерење RDE (Real Driving Emission/ Мерења на вистинска потрошувачка), кој беше воведен пред неколку години, клиентите исто така можат да бидат сигурни дека возилата практично ќе ги исполнат овие мали вредности.

Строгите мерења на издувните гасови дури покажаа дека воздухот што излегува од издувните системи на најсовремениот дизел автомобил е помалку загаден од воздухот што претходно бил вовлечен, вели Мармит во изјава за германските медиуми. Дизел моторите ќе бидат  на удар уште долго време, но исто така треба да се каже дека производителите вложуваат многу пари во развој, но исто така постигнуваат одлични резултати.

Најдобар пример е Volkswagen, кој воведе двостепен систем за прочистување на издувниот гас во моторот 2.0 TDI. Во системот двапати се вбризгува AdBlue, течност што ја намалува емисијата на азотни оксиди. Дали е тоа доволно? Ова секако ќе се покаже со нови анализи на штетни гасови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Jeep Gladiator сега достапен и со дизел мотор

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Корона вирусот ќе влиjае на сите идни автомобили

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

NEVS го претстави Sango автономното возило како дел од PONS