Експлозивен скок на јавните станици за полнење на ЕВ

Бројот на јавни станици за полнење на електрични возила (ЕВ) во Германија може да скокне за повеќе од 10 пати, а вредноста на тој пазар за продажба на електрична енергија може да се зголеми за дури 23 проценти беќе до крајот на оваа деценија (до 2030 година), објави истражувачката компанија Бостон консалтинг денес Група (БЦГ).

Во обид да се намалат емисиите од транспортниот сектор со поттикнување на употреба на електрични возила, креаторите на политики во најголемата европска економија лани во ноември започнаа план за поддршка на продажбата на тие автомобили и поврзаната опрема во вредност од три милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Во моментов, во оваа земја има околу 35.000 станици за електрично полнење за корисници на ЕВ, кои, покрај домашни полначи и на работното место, бараат и јавни капацитети, наведува БЦГ во делот посветен на Германија во паневропска студија на овој сектор.

Продажбата на електрична енергија на приватни и јавни станици за полнење на електрични возила во моментов се движи помеѓу 300 и 500 милиони евра годишно.

Но, до 2030 година, бројот на постројки за полнење на електричните возила би можел да се зголеми на 400.000, а годишната продажба може да достигне вредност од 7,0 милијарди евра, вели Кристијан Вагенер, еден од авторите на студијата.

„ Се „раѓа“ пазар од милијарди евра со привлечни можности за брз раст“, додаде тој.

Според извештајот „Победа во битката за екосистемот за полнење ЕВ“, сопствениците на приватни станици за полнење ја искористија можноста на пазарот и иницираа проширување на таа инфраструктура за електрични возила.

Подоцна, проценува БЦГ, ќе има поголема транзиција кон јавните точки за полнење поради промена на моделот на однесување на корисниците на овие автомобили.

До 2030 година, околу 40 до 50 проценти електрична енергија ќе се доставува до јавните станици за полнење, наспроти една третина во овој момент, додава БЦГ.

Големите нафтени компании би можеле да играат голема улога во ова со преиспитување  на моменталната понуда на конвенционални бензински пумпи, додека комуналните компании треба да се фокусираат на дигитализирање на протокот на електрична енергија и наплата за да обезбедат простор во овој нов инфраструктурен систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили