ELegend EL1 и EL2 ќе бидат инспирирани од легендарни спортски автомобили

Баварската компанија ELegend објави дека наследниците на електричниот модел EL1 инспириран од Audi Quattro ќе бидат „спортски автомобили од минатото“..

Станува збор за моделите EL2 и EL3, наследниците на моделот EL1, кој ќе го преземе неговиот електричен погон со 800 КС и чиј дизајн на каросеријата ќе им оддаде почит на класичните ѕвезди на мотоспортот.

„Она што е Audi Sport Quattro за EL1, тоа ќе бидат два легендарни автомобили од минатото за EL2 и EL3“, изјави портпаролот на ELegend за Top Gear.

Со оглед на фактот дека ELegend допрва треба да ја заврши работата на моделот EL1 (на сликите), нема поконкретни информации. Споменатиот EL1 ќе се произведува во 30 примероци, а истото важи и за EL2 и EL3. Перформансите веројатно ќе останат исти, ќе има три мотори и погон на четири тркала. Еден мотор ќе биде поставен напред и два назад. Исто така, ќе има батерија од 90 kWh со течно ладење.

Покрај тоа, автомобилите ќе користат менувач со една брзина, како и предни и задни диференцијали со ограничено лизгање и монокок шасија од јаглеродни влакна.

За споредба, EL1 е малку подолг од Ford Fiesta (4.155 mm), има моќни сопирачки, ESP, прилагодливи амортизери и распределба на тежината од 47/53,   инаку тежината е 1.680 kg.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,8 секунди, додека автомобилот достигнува 200 km/h за 8,5 секунди пред да достигне максимална брзина од 300 km/h. Досегот е 427 км.

ELegend разговараше со неколку заинтересирани купувачи за EL1, а се проценува дека сите 30 автомобили ќе бидат продадени многу наскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley Dezervator со лифт го искачувате автомобилот на кат во гаражата до станот

Porsche Vision Gran Turismo Spyder

Која автомобил најчесто се појавува во филмовите

Hennessey Venom F5 Roadster

Lucid Air Sapphire

Електричниот Zeekr 001постави нов рекорд во дрифт за EV

Aston Martin V12 Vantage Roadster

Британец бил сопственик на дури 55 автомобили на FIAT

Czinger 21C V Max