Електричен AC Cobra Series1

Британскиот AC минатата година објави електрична верзија на легендарната Cobra (наречена AC Cobra Series 1 Electric)…

Во меѓувреме беше објавено дека испораките на овој електричен спортист со класична става би требало да започнат пред крајот на тековната 2021 одина.

Електричниот мотор со 313 КС и 500 Nm максимален вртежен момент се грижи за погонот на овој двосед со каросерија изработена од композитни материјали.

Тоа е доволно за да забрзате од 0 до 100 км / ч за околу 4,0 секунди, додека автономијата со единствено полнење на батеријата со капацитет од 55 kWh е околу 150 миљи ( 241 км.)

Series 1 Electric ќе биде изработена во серија од само 58 единици (во чест на 58 години од почетокот на производството на првата AC Cobra), чинејќи 138 000 британски фунти.

Во понуда е и посилниот модел AC Cobra Series 4, кој ќе располага со електрично ергеле од 625 КС и максимален вртежен момент од 1000 Nm.

Оваа помоќна креација на струја забрзува од 0 до 100 км/ч  за 3,8 секунди.

Цената е се разбира повисока од таа на послабата верзија и изнесува 168.000 британски фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прототип на Ford Transit FCEV

Новиот Porsche 718 ќе има електричен погон

Тоyota во 2025 со нов Prius со нова технологија

Лесна платформа на Lotus за наследниците на Elise и Еvora

Првиот електричен Alfa Romeo пристигнува 2024 година

Unique Puncture-proof Tire System

Honda ги интензивира работите на автономни возила

Тајното оружје на Dacia против гребаници

Volkswagen отвори центар за истражување и развој на батерии