Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

На крајот на 2018 година, руската компанија Aviar Motors објави дека планира електрична верзија на класичниот Ford Mustang Fastback…

Во меѓувреме, проектот напредуваше, што значи дека нè чека автомобил со ретро изглед, но модерен електричен погон.

Поточно, платформата е Tesla Model S, а има и батерии на Tesla од 100 kWh и два електрични мотори со моќност од 840 KS и 965 Nm.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае само 2,2 секунди, а максималната брзина е 250 км/ч, додека автономијата со едно полнење на батеријата, ќе изнесува 507 км.

Автомобилот ќе има каросерија изработено од лесни композитни материјали, елементи од јаглеродни влакна, како и модерен ентериер со дигитални инструменти, волан со три крака и голем централно поставен екран на допир.

Во најновите вести нема информации за цената, но претходно беше спомената сумата од 440.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење