Електричен Chery QQ Wujie Pro

Автосалонот во Ченгду е и место за промоција на електричниот модел на Chery QQ Wujie Pro…

Станува збор за градски електричен модел со четири седишта, кој веќе е достапен за нарачка во Кина, по цена од 79.900 јуани или 11.655 евра.

Што се однесува до димензиите, должината е 3402, ширината 1680 mm, висината 1550 mm, со растојание помеѓу оските од 2160 mm, растојанието од подлогата до најниската точка (клиренс) изнесува 120 mm, а тркалата се со големина до 16 инчи.

Возилото има еден електричен мотор (на задната оска), достапен во верзии со 75 КС или 95 КС. Послабата доаѓа со батерија од 30,6 kWh и може да помине 301 km со едно полнење (според кинескиот циклус CLTC), до 50 km/h забрзува за 6 секунди, а максималната брзина е 120 km/h.

Посилната верзија доби батерија од 40,3 kWh, досегот е до 408 km, 50 km/h достигнува за 5 секунди, додека максималната брзина е 125 km/h.

Максималната тежина се движи од 980 до 1015 kg, во зависност од конфигурацијата.

Меѓу другото, врвната верзија има мултимедијален систем со екран од 12,9 инчи, како и адаптивна контрола на патувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi планира да ги рециклира оштетените прозорци во нови во серијата Q4 e-tron

Нова Opel Astra Electric

Tesla Semi целосно натоварен сп еднополнење минал 800 км!

Низ сообраќајниците во Сеул почнале да сообраќаат автономни автобуси

Jeep Renegade станува потполно електричен во Европа

Ford и Volkswagen ги затвораат одделите за автономно возење

Alfa Romeo Giulia и Stelvio прескокнуваат хибридизација и директно одат на електрични наследници

Hyundai IONIQ 6 First Edition во серија од само 2.500 примероци

Audi патентира систем за автоматско гаснење на пожар во електричен автомобил