Електричен Ducati MotoE V21L

Компанијата Ducati оваа недела во Модена официјално го претстави својот електричен мотоцикл MotoE V21L, а на ексклузивниот настан присуствуваа мал број гости, меѓу кои и одбрани европски медиуми…

Она што може да се заклучи од фотографиите е дека V21L изгледа слично на прототипот што Ducati го тестира веќе некое време. Боите се малку поинакви и порафинирани, а некои карбонски површини се покриени, додека останатите остануваат изложени.

Црвената графика на црна и сива површина го подобрува изгледот на мотоциклот, кој навистина привлекува очи. Она што е исклучително важно е фактот дека V21L е навистина вистинско Ducati и дека тоа јасно го „говори“ преку визуелна комуникација, со публиката, односно минувачите.

Исто така, тој изглед не „вреска“ на сиот глас објавувајќи дека станува збор за за електричен мотоцикл, како што е случајот со некои други модели од овој свет на две тркала, туку сето тоа го прави на поинаков, посуптилен, по рафиниран начин.

Мотоциклот тежи 225 килограми, од кои 110 килограми се батеријата од 18 kWh специјално дизајнирана за овој мотоцикл. Понатаму, кога говориме за спецификациите ќе спомнеме и дека – V21L развива 150 КС, а на патеката Муџело (Mugello) успеа да разви максимална брзина од 275 км/ч.

Другите клучни компоненти на оваа новина вклучуваат: Öhlins NPX 25/30 наопаку свртена вилушка која се базира на онаа што ја користи моделот Superleggera V4. Има и целосно прилагодлив заден амортизер Öhlins TTX36, амортизер Öhlins за управување и специјално дизајнирани Bremo сопирачки кои го оптимизираат ладењето.

Ducati е особено горд на својот систем за ладење, за кој вели дека вклучува двојно коло на течно ладење за да ги задоволи потребите за ладење на батеријата, моторот и инверторот.

Затоа нема потреба да се чека пред полнење откако загреаниот мотор ќе ја напушти патеката, туку може веднаш да се поврзе на полначот и да ја наполни батеријата до 80 проценти капацитет за само 45 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati Scrambler

Custom Ducati вреден половина милион долари!

MyMover – уникатен скутер на Piaggio достапен само на пазарот во земјата на Изгрејсонцето

MV Agusta F3, Turismo Veloce и Dragster со RC третман

Aprilia  Tuareg 660 доби издувен систем од  Akrapovič

Крај за Suzuki GSX-R1000

Kawasaki вгодина ја проширува линијата KLR650

Проектот -електричен мотоцикл Triumph TE-1 конечно заврши

Alrendo електричен мотоцикл од Кина со фантастична автономија