Електричен Everrati Porsche 911 ST

Компанијата Everrati го претстави својот нов проект, а тоа е електричниот Porsche 911 ST…

Со речиси 200.000 продадени автомобили помеѓу 1973 и 1989 година, серијата G ја претставува нај плодната серија 911 во историјата на Porschе. Компанијата Everrati, која е специјализирана за електрични автомобили, му вдахна нов живот на овој спортски модел со замена на конвенционалниот погон со електричен.

Електричното Coupe наликува на ST што се продаваше во ограничен број во 1970 и 1971 година, но треба да се напомене дека „вистинскиот“ 911 ST не бил жртвуван за овој проект, пренесуваат специјализираните портали.

„Вистинскиот“ 911 ST се нудеше со мотори од 2,0 и 2,4 литри и развиваше до 270 КС, но Everrati го опреми класичниот 911 со електричен погон кој испорачува 440 КС, со моќност испратена до задната оска.

Автомобилот инспириран од ST забрзува од 0 до 100 km/h за околу 4 секунди, а неговата батерија со капацитет од 60 kWh обезбедува максимална автономија од 322 km.

За неговиот последен проект, Everrati се здружи со RS Werks, компанија со седиште во Пенсилванија која ги обновува и модифицира автомобилите на Porsche.

Еден од приоритетите е да се задржи тежината на автомобилот што е можно поблиску до оригиналот, а иако нема официјални податоци, Porsche 911 ST тежи само 960 килограми. Двете компании исто така се фокусираа на одржување на распределбата на тежината што е можно поблиску до оригиналот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alvar Romeo Stelvio и Giullia 2026 добиваат електрична замена

Индустрискиот подвиг на Dacia

Е-велосипед со поголем домет од некои електрични автомобили…

BMW развива електричен мотоцикл со големина на G 310

Kолку се полоши евтините од премиум гумите

Peugeot 408 на тестот за избегнување лос

Tesla најави crash test на Cybertruck

Audi Q2 станува електричен модел

Mazda се приклучува на истражувањето за горива од новата генерација