Електричен Fiat Doblo

Партнерот на Fiat од Турција – компанијата Tofas подготви и електрична верзија на моделот за дотур на стоки –Doblo, еден од најпопуларните на пазарите во регионот и во Европа

Но, за жал оваа изведба на струја, засеге, се нуди само на домашниот пазар –во Турција, иако веруваме и на пазарите во Европа, со строгите еко прописи, особено за дотур во големите градови би имал голема популарност.

Инаку, првиот Doblo EV, Турците како прототип го лансираа пред пет години,  поготвувајчи се за иднина со нулта емисија.

Како и да е, Doblo EV е задвижуван од електромотор со моќ од  111KS и 220 Nm максимален вртежен момент, a со едно полнење на батериите со капацитет од 30 kWh може да помине околу 210 km.

Во кратката информација се наведува дека Doblo EV од 0 до 100 km/h забрзува за 12,9 сакунди и воедно дека е за 150 kg потежок од изведбата на Doblo опремена со 1.6 Multijet дизел агрегат, се разбира во работна – Cargo верзија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воената полиција на Русија вежба возачки вештини!

Најбрз блиндирана автомобил на светот !

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”