Електричен Fiat Spider 124 за 140.000 долари

Креацијата  Fiat 124 Spider America EV е само реализација на  еден сон на екипа ентузијасти од САД, што би било убаво да се преточи и во производна верзија на италијанско – американскиот автомобилски концерн FCA…

Групата ентузијасти себеси се нарекува Roadster Saloоn и нивната дејност е се врти околу преработи на класичните Fiata 124 модели во електрични. Секако ова друштво во сојузната држава Илионис целосно и темелно ги реставрира моделите.

А Spider America e прв рачно изработен електричен автомобил на пазарот опремен со вистински мануелен менувач на брзини ! Благодарение на генијалноста на електричниот погонски склоп, максималниот момент на вртење е достапен во секој миг, но не е толку брутален и менувачката кутија може да го поднесе.

Поради тоа овој автомобил на струја можете да го возите како тој со класичен погон на внатрешно согорување  со рачен менувач и спојка, а кога тоа ќе ви досади едноставно префрлате во градски режим на возење или во тој за возење на отворен пат .

Освен преработките на стари Fiata 124 во современи електрични возила, Roadster Salon се занимава и со реставрација на стари Spider изведби без менување на погонскиот систем.

Преобразбата на класичниот автомобил во електричен  станал вносен бизнис и се повеќе зема замав.

Дури и меѓународната организација FIVA што се грижи за автентичноста на старите и историски важни возила се побуни против тој тренд.

Според нивното толкување, класиците што ќе се преработат во електрични, повеќе не може да се сметаат за автентични, со еднаква историска вредност бидејќи со воведување на електричниот погонски систем темелни им се менува механиката.

Електричниот Spider America e задвижуван од погонска единица со два електромотора со вкупна моќ од 200 KS и 271 Nm момент на вртење.

Во полната спецификација на автомобилот е и луксузна опрема а надворешноста е доведена до совршенство.

Од 0 до 100 km/h забрзува за малку повеќе од шест секунди и постигнува топ брзина од 209 km/h.

Автономијата на возење со едно полнење на батеријата, според зборовите на тимот од  Roadster Salon е поголема од таа на Fiat 500e.

Инаку, Spider America EV во најдобрата спецификација чини  140.000 американски долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Се планира и спортски Volkswagen ID.

Nissan switch сервис: Секој ден возиш друг автомобил!

Polestar Precept concept пристигнува во Женева 2020

Aiways U6ion concept во Женева

Bentley Continental GT Cabrio by Mulliner врв на луксуз со отворен покрив!

Renault Morphoz concept автономна електрична иднината на  Французите

На Palexpo 2020 и Dacia со концепт на струја!

Над половина милион нарачки за електричниот pick-up на Tesla