Главна тема во американските автомобилски медиуми во последните пет години секако беше моделот Bronco на Ford кој предизвика вистински потрес на пазарот на SUV/crossover креации и вистинска манија во побарувачката на глобалниот пазар…
Покрај толку многу пофалби за ретро – стилот, најмногу се пишуваше дека Ford не може да одговори на големата побарувачка и дека поради ова цените излегуваат од контрола. Во основа, ако сакате да го купите овој теренец денес, подгответе се да платите помеѓу 30-50% повеќе од претходно поставената цена од страна на Ford.
Од друга страна, ако го нарачате, ќе почекате и до неколку години да стигне од фабриката на вашата адреса.
Во такви услови се очекуваше американскиот производител на возила да ги отстрани сите недостатоци пред да започне со идните планови, но тоа очигледно не е така.
Веќе видовме издание со високи перформанси наречено Raptor, а исто така се шпекулира дека компанијата го подготвува првото освежување до 2025 година. И ако колегите од страницата AutoForecastSolutions се доверливи со информациите што ги емитуваат, клиентите ќе можат да нарачаат и електричен Bronco во 2029 година.
Оваа вест најпрво се појави на официјалната веб-страница каде што беше наведена понудата на теренец по име Bronco6G, а потоа се прошири и на другите автомобилски медиуми.
Овој извор има листа што ги прикажува очекувањата во автомобилскиот свет, а меѓу нив пишува дека електричниот Bronco ќе излезе од производната лента од 2029 година, до 2036година. Ќе се произведува на нова платформа наречена TE1 заедно со моделите F Series, Transit и Ranger.
Она што е исто така интересно е информацијата дека Ford не планира да ги елиминира моторите со внатрешно согорување, а ќе продолжи да произведува на актуелната платформа Т6.
Тоа значи дека стандардниот и електричниот Bronco нема да делат платформи, а сериското производство на овој новитет треба да започне во ноември 2029 година, се разбира ако се се одвива според плановите на челниците на брендот со син овал во логото.
Ford Bronco моментално се нуди со три турбо бензински мотори, почнувајќи со 2,3-литарски кој развива 300 коњски сили, потоа со 2,7-литарски со триесет „грла“ повеќе и на крај „семоќниот“ Raptor со 3, 0-литарски мотор и 400 „коњски сили“.
Во сите случаи, менувачот е до десет (10) степен на пренос на силата, автоматски, со исклучок на основниот мотор, кој може да се нарача и со седум (7) степен мануелен.
Не се сомневаме дека оваа вест е вистинита, бидејќи Ford планира голема офанзива со електрични возила до крајот на оваа деценија, а речиси секој модел од гамата ќе има таква опција.