Британскиот Helixx најавува семејство на достапни електрични возила, пред се за пазарите во развој, каков што е впрочем и нашиот во Македонија…
Helixx првично го таргетира азиско-пацифичкиот регион, но компанијата ги разгледува и пазарите во Индија, Јужна Америка, Блискиот Исток и Северна Африка. Компанијата предвидува понуда на гама сочинета од четири комерцијални електрични возила. Првиот е Cargo, кој има носивост од 500 kg, како и товарен волумен со капацитет од 2100 литри.
Следува верзијата Truck која треба да има багажен простор од 1,64 метри квадратни. Компанијата планира и модел Ride, дизајниран за такси услуги, како и за апликации за возење.
Потоа тука е и Тuk верзијата, што би била всушност нешто слично, односно во суштина би била иста работа, но овој пат електричното комерцијално возило би било без вратата.
Од Компанијата Helixx ни велат дека моделите се „конструирани да се усогласат со L7e категоризацијата за тешки ATV возила и ќе ги исполнуваат сите регионални регулаторни барања и исто така ќе ги надминат минималните препорачани безбедносни барања од оваа категорија на производи“.
Компанијата соопшти дека Ride и Tuk ќе имаат опсег на користење (експлоатација) од околу 70 милји (односно од 113 km мерено во континентални мерни единици) и би постигнувале максимална брзина од 80 km/h.
Покрај тоа од Helixx спомнаа и дека батерија е со капацитет од 12 kWh, која би го зголемила досегот на задоволителни за секојдневна употреба во урбани средини, 200 km.