Електричен Калашников UV 4

Рускиот „Kалашников“ е пред се познат по производство на оружје, но веќе неколку години работи и на развој на електрични возила…

Новите рендери за патенти покажуваат модернизирана верзија на нивното електрично возило UV-4, кое е долго 340 cm, широко 150 cm и високо 170 cm.

За тешкиот –  650 килограми UV-4, меѓу другото, се предвидени климатизација, греење, дигитална инструмент табла, екран за информативно забавниот систем и прилагодлива суспензија.

Ова возило со 4 врати и 4 тркала би требало да го придвижува електричен мотор со моќ 50 kW / 68 КС, што ќе биде доволно за максимални брзини од 80 km/h.

Што се однесува до автономијата, тоа би можело да биде околу 150 километри со едно полнење на батеријата.

Калашников (Kalashnikov) планира и помало електрично возило (со пократко меѓуоскино растојание од UV-4), на три тркала.

Овој модел нема врати и нуди седишта за само двајца патници.

Сè уште не се знае точно кога овие модели би можеле да се појават во производство, но некои извори сугерираат дека премиерата би требало да се случи во наредните месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga

Saloon Mecha Dragon