Електричен концепт мотоцикл – Husqvarna E-Pilen

Во Husqvarna сериозно размислуваат за електричната иднина, за што сведочи и новиот концепт наречен E-Pilen…

Врз основа на естетиката што ја видовме на Vitpilen линијата, E-Pilen носи батерија чија автономија е околу 100 км.

Моторот што доаѓа во пакетот има 8 kW, односно. 11 КС, додека од компанијата наведуваат дека батеријата може да се мениува, што може да го направи E-Pilen попрактичен.

Овие бројки го прават концептот Husqvarna E-Pilen ривал во категоријата модели на мали „кубни зафатнини“, така што тој може совршено да се вклопи во линијата 401 на шведската марка и да го привлече вниманието на возачите кои бараат практично возило во урбани услови.

Засега нема индикации дека концептот на Husqvarna ќе има производствена иднина, иако многумина веруваат дека токму ова би можело да изгледа како пример на идната електрична линија на компанијата.

„Развојот на E-Mobility линијата веќе напредуваше, а деталните информации ќе бидат достапни наскоро“, рекоа од Компанијата.

И додека електричниот сегмент станува сè попопуларен помеѓу производителите, можеме да се надеваме на уште некоја ваква креација од компанијата од Шведска.

Дали е ова насоката по која Husqvarna, но и другите компании на Pierer Group (KTM и GasGas) ќе појдат, кога станува збор за електрифицирање на понудата? На тоа ќе добиеме одговор во не така далечна иднина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Untitled Motorcycles претставува електричен мотоцикл од новата ера

BMW F900 Force

За помалку од еден час распродадени сите 500 примероци на KTM 1290 Super Duke RR

MV Agusta ја претстави новата Superveloce S линија

Segway Apex H2

BMW CE 04

Електричен концепт што прочистува воздух за време на возењето- Aether

Електричен Triumph TE-1

Harley Davidson стартува со производство на Pan America моделот