Електричен концепт што прочистува воздух за време на возењето- Aether

Електричните концепти честопати носат футуристички елементи, кои барем на тој начин даваат увид во тоа што може да ни донесе иднината во однос на патната мобилност.

Таков е случајот со концептот Aether. Креација на дизајнерот Лин Ју Ченг, од Тајван, а нај интересно во целата оваа приказна е тоа што овој електричен мотоцикл е дизајниран така што го прочистува воздухот додека возите.

Ова е втор концепт на Ченг заснован на таква идеја.

Имено, на страните има големи отвори за воздух со комплет керамички филтри кои собираат загадувачи и честички од воздухот. И тоа до големина од само 2,5 микрони.

Инаку, самата идеја за возило што го прочистува воздухот не е воопшто нова.

Така  дизајнерот Дан Розегард, од Холандија, веќе развил сличен велосипед, претставен на Светскиот економски форум во Далиан, Кина.

Можеби, на прв поглед, е тешко да се замисли како креација кава што е таа на Ченг може да придонесе за намалување на загадувањето на пазарите во Европа или САД, но во земјите каде тоа ниво на емисија на штетни гасови и честички е многу поголемо и каде што бројот на возачи на мотоцикли е многу голем и тоа како може да направи дистинкција.

Визуелно, мотоциклот е исклучително интересен, и покрај тоа што има екстремно футуристички по изглед.

Предниот дел нè потсетува на крстосувачот Confederate Wraith cruiser, додека пак се чини дека големите влезови за воздух се отстранети од моделот Buell 1125.

Навистина е освежувачки да се види ваквиотј пристап, иако е тешко да се замисли дека во скоро време би можеле да видиме вакви креации на патиштата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault Arkana изненади на слалом тестот 77km

Роботизиран пешачки преми. Вештачка интелигенција одлучува за интервалите

BOSCH ја напаѓа Европа поради сеопфатната електрификација!

Електричен концепт мотоцикл – Husqvarna E-Pilen

Untitled Motorcycles претставува електричен мотоцикл од новата ера

Hyundai подготвува перформанс модел на струја

FIAT 500 со Safety mode на батеријата штеди струја каки мобилен телефон

Во Кина претставен EV што прочистува воздух!

По Volvo и Renault ја ограничи брзината на своите возила на 180 км/ч