Електричен MINI Cooper SE Cabrio

По прототипот претставен во јуни минатата година, MINI сега го покажа и серискиот Cooper SE Cabrio, кој ќе биде достапен за европските клиенти од април..

Но, оваа креација ќе биде понудена само во ограничена серија од 999 примероци.

Од таа бројка 150 примероци се наменети за британскиот пазар каде ова MINI чини дури 52.500 британски фунти.

Автомобилот го придвижува електромотор со  моќ од135 kW/184 КС, што му обезбедува забрзувањето од 0 до 100 km/h за 7,3 секунди, додека со едно полнење на батеријата со капацитет од 32,6 kWh може да помине 201 km (според WLTP протоколот).

Полнењето од 10 до 80 проценти на капацитетот на батеријата трае 36 минути на брз полнач.

MINI Cooper SE Cabrio е долг 3863 mm, широк 1727 mm и има волумен на багажникот од 160 литри.

Исто така, треба да се напомене дека отворањето на покривот трае 18 секунди, при брзина до 30 km/h.

Белата сребрена и енигматска црна боја им се достапни на клиентите, а меѓу другото има плакета од 1/999, детали од бронзена резолуција, 17-инчни алуминиумски тркала, кожни спортски седишта, Hed -up дисплеј, стерео аудио линија Harmon Kardon, навигација и активна контрола на патувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Chery TJ-1

Премиера на новите модели на BMW Series 5 и BMW i5

Opel ja претстави новата Corsa

Подновен Mercedes GLS

Geely Boyue Cool

Saleen SA-40 Mustang Speedster Anniversary Special

Hyundai Sonata модел за 2024-та

2024 Range Rover

Кампања за електрификација: „ Pumped with energy (Исполнета со енергија) – Opel Mokka Electric“