Електричен Mini Cooper SE -дебитира годинава!

Од BMW се уште официјално не потврдиле дека целосно електричниот Mini Cooper SE ќе има светско деби во тековната 2019 година, за на тој начин да се одбележи 60-ет годишнината од појавувањето на првиот оригинален Mini…

Автомобилот  денес е и официјално претставен, a фабричките фотографии покажуваат дека автомобилот, помеѓу другото, добил и посебни тркала, жолти детали и нова маска на ладилникот.

Тоа е всушност дериват на  Mini Hatch со три врати (концептот е претставен уште во 2017 година), a се базира врз UKL1 платформа со преден погон. Електричниот Mini Cooper SE  добил електромотор поставен напред (има моност од  135 kW/184KS и 270 Nm), па литиум јонски батерии со капацитет на моќност од 32.6 kWh (80 проценти од капацитетот , на брз полнач од 50 kW, може да се наполни за 35 минути) и автономија од 270 km до следното полнење, мерена според новиот WLTP протокол.

Перформансите се следни: забрзување од 0 до 100 km/h за 7,3 секунди, а максималната брзина е електронски лимитирана на 150 km/h.

Треба да се подвлече дека капацитеетот на багажникот е 211 L (731 L сособорени задни седишта), додека тркалата се со големина од 16 или од 17 инча.

Поктрај тоа, елекртричниот Cooper SE e за 18 mm повисок од регуларниот модел (поради допоплнителниот клиренс неопходен ради поставување на батериите  во попдот), a исто така е и за 145 kg потежок во споредба со изведбата со три врати кај стандардниот модел Cooper S опремена со Steptronic менувач на брзини.

Во стандардна опрема Cooper SE, помеѓу другото, има и LED светла, двозонска автоматска климаи  6.5-инчен информативно забавен екран со навигација.

Како опција ќе се нуди и 8.8-инчен екран чувствителен на допир, потоа кожни седишта, како и широк избор на елементи за персонално креирање на сопствениот Mini.

Производството би требало да стартува во ноември тековната 2019 година, во погоните во Оксфорд , во Англија, додека, пак, неговата цена на пазарот во германија , според некој се уште не потврдени најави, ќе изнесува 32.500 евра.

За крај ќе потсетиме дека тоа нема да биде и првиот целосно електричен модел на Minij, бидејќи уште во 2007 година е направен Mini E, во име на вистината, во мала серија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четврта генерација Škoda Fabia (MY 2021) го покажа својот лик!

Новата Opel Insignia сјае со новата генерација на IntelliLux LED пиксел светло

Четвртата генерација на Audi A3 Sportback пристига вгодина!

Пристига Citroen C3 Aircross C-Series edition!

Во 2020 Opel Insignia добива освежување

Подновен Jaguar F –Type за 2021

Porsche 911 Hybrid над сите Porsche 911!

Audi RS 3 (МY 2021) со 410 KS

Прекрасниот crossover новиот Kia Xceed пристигна во Скопје