Електричен Mullen Five

Мулен на саемот во Лос Анџелес го претставува електричниот компактен SUV модел Five, чие производство треба да започне во последниот квартал на 2023 година…

Five (петката) ќе биде достапни со неколку пакети со опрема, а меѓу другото има и дигитална табла со инструменти, две индивидуални задни седишта (во пакетот опрема Touring), систем за препознавање лица, како и алуминиумски тркала со големина до 23 инчи.

Основната верзија ќе има два електромотори, батерии со капацитет од 95 kWh што до 80% од капацитетот ќе се полнат за 21 минута, додека пак погонот ќе биде на сите четири тркала.

Според производителот, досегот со едно полнење на батеријата ќе изнесува од 523 km, додека пак забрзувањето од 0-60 милји на час ( од 0 до 96 km/h) ќе биде за 3,2 секунди.

Спортската верзија RS ќе забрзува од 0-96 km/h за само 1,9 секунди, а најавена е максимална брзина од повеќе од 200 милји на час (322 km/h).

Цените за Mullen Five на пазарот во САД ќе започнат од 55.000 американски долари, без субвенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022