Електричен Nikola Badger pick-up на струја и на хидроген погон!

Покрај веќе претставените електрични pick-up модели на компаниите Atlis, Bollinger, Tesla, Rivian и Neuron, како и најавените модели од GMC (Hummer EV) и од Ford (F-150 EV), пристигнува уште еден таков новитет …

Поточно, електричниот pick-up Nikola Badger e, за сега официјален концепт, но сериската верзија е веќе во плановите на Компанијата.

Резервации ќе почнат да се прифаќаат малу подоцна, годинава, најверојатно по промоцијата за пошироката јавност што е предвидена за септември оваа 2020-та.

Цената, во овој момент, се уште не е дефинирана.

Инаку, Nikola Badger ќе се нуди во потполно електрична верзија (автономијата со едно полнење изнесува околу 483 km)  како и во варијанта со хидроген горивни ќелии (автономија на возење со едно полнење на резервоарот од 960 km).

Во кусата информација е уште наведено и дека возилото располага со максимална моќност од 906KS и 1327 Nm, вртежен момент, како и со литиум – јонски батерии  со капацитет од 160 kWh.

Перформансите се „Ок“: забрзување од 0 до 60 миљи mp/h (96 km/h) e за само 2,9 секунди.

Што се однесува до габаритите: Badger e долг 5900 mm, висок 1850 mm и широк 2160 mm.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бил Гејтс си купи Porsche Taycan и го револтира Елон Маск!?

VW до 2023 ќе произведе електричн теренец во масови бројки!

Новиот SUV на Maserati ќе стаса во 2021 година

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Prophecy concept прв резултат на соработата на Hyundai и Rimac дебитира во Женева 2020

Dacia на струја може да стаса во наредните две години!

Пристигнува електричен pick-up Fisker Alaska!

Новиот Audi R8 добива хибриден погонски систем

Од Lamborghini најавен тркачи автомобил со V12 мотор