Електричен Triumph TE-1

Пред две години ТTriumph се здружи со Williams Advanced Engineering, Drive Divisio и WMG, со една цел, а тоа е развој на електричен мотоцикл…

Групата доби средства од Министерството за економија, енергија и индустриска стратегија на британската влада и Канцеларијата за возила со ниски емисии (ОЛЕВ). Проектот е поделен во четири фази, а сега веста е дека е достигната фаза две.

Ова значи дека Triumph и неговите соработници развиле електричен погонски пакет за мотор. Токму поради тоа, тие одлучија да ја споделат со нас дизајнерската скица за прототипот, чијашто изградба е планирана за фаза три.

Наречен Triumph TE-1, мотоциклот изгледа како да е дел од линијата Speed ​​Triple на британскиот производител, а треба да има и слични перформанси. Според компанијата, електрична единица е со маса од 10 кг и треба да донесе моќ од 180 КС (130 kW).

Покрај тоа, нема други детали за перформансите, а тука конкретно мислиме на тежината на мотоциклот и моќноста на батеријата што ќе ја има. Но, покрај тоа, не се допаѓа тоа што го гледаме.

Од Triumph  ја направи алуминиумската рамка за неговата креација, додека Williams ја дизајнираше контролната единица на возилото и ја интегрираше со батеријата. Ова, според компанијата, овозможува практичност што досега не сме ја виделе во сегментот.

“Ние се фокусиравме на поместување на границите за да ја намалиме тежината и да ја оптимизираме положбата на рамката, сè за подобри карактеристики во контролирањето (управувањето).

Сакавме да го подигнеме нивото на перформансите на батеријата, истовремено балансирајќи помеѓу дизајнот и автономијата. Сакавме најагресивна креација”, рекол Дир Ардаш. постар комерцијален менаџер во Williams.

„Новата батерија претставува чекор напред во развојот на технологијата на батерии, бидејќи на возачот ќе му даде поголема моќ да вози подолго без надополнување. Williams исто така дизајнираше контролна единица„ од нула “, комбинирајќи систем за управување со батерија со контролнa eдиница за управување за да создаде единствен пакет. Ова е прв ваков производ на пазарот “.

Моторот и инверторот се поврзани во една интегрална единица, што помогна да се намали неговиот волумен, истовремено намалувајќи ги непотребните делови. Сè уште не знаеме кога целосно функционалниот мотоцикл би може да биде готов или барем кога можеме да јавидиме прототип верзијата на завршни тестирања.

Секако изгледа интригирачки и ќе биде особено интересно да се види каква изведба ќе донесе и како ќе управува со сите овие технички иновации во реалниот свет.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричен концепт мотоцикл – Husqvarna E-Pilen

Untitled Motorcycles претставува електричен мотоцикл од новата ера

BMW F900 Force

За помалку од еден час распродадени сите 500 примероци на KTM 1290 Super Duke RR

MV Agusta ја претстави новата Superveloce S линија

Segway Apex H2

BMW CE 04

Електричен концепт што прочистува воздух за време на возењето- Aether

Harley Davidson стартува со производство на Pan America моделот