Електричен Volkswagen e-Kubel

Претходно, Volkswagen, поднел апликација за заштита на имињата на своите класични модели со префиксот „е“, што укажува на нивно заживување, но со употреба на електричен погонски систем…

На крајот на јуни, VW аплицираше за регистрација на името e-Samba, а потоа се шпекулираше дека може да се користи за производната верзија на концептот ID Buzz, но тој автомобил сепак ќе ја задржи ознаката ID.

Во неделите што потоа  следеле, Volkswagen ги регистрирал и имињата e-Beetle, e-Golf Classic, e-Kubel и e-Karmann..

Името e-Kubel веројатно се однесува на Kubelwagen, лесно воено возило од Втора светска војна, за кое извршниот директор на Volkswagena, Херберт Дис (Herbert Diess), во 2017 година, изјавил дека сака да го оживее како електричен модел.

Неофицијалните информации велат дека оживеаните класици нема да бидат произведени директно од Volkswagen, туку дека овие проекти ќе ги преземе компанијата eClassic, специјализирана за претворање на постарите модели во модернизирани електрични автомобили.

Volkswagen ја поддржува компанијата  eClassic, кој веќе произведува електрична верзија на класичните „Буби“ и e-Bulli.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто е брз болидот на Bugatti

Audi RS7 – Најбрзиот блиндиран автомобил на светот

Ѕвездите на FC Barcelona нурнаа во светот на Cupra!

Ford Bronco добива pick-up варијанта

Ital Design најавува нов DeLorean

Abarth 595 Hercules болид во микро-пакување навиен на 217 KС

Дали електричниот Rolls Royce ќе се вика Silent Shadow!?

Најавен модерен Porsche 914

Lada Niva на Nirburgring