Електричен VW ID. Space Vizzion

Во кусо соопштение Volkswagen навел дека на 19 ноември тековната 2019 година ќе претстави  електричен концепт на автомобил од својата ID серија, а возилото го носи името ID. Space Vizzion…

За самиот автомобил засега нема многу информации, но најавено е дека ќе биде промовиран во Petersen Automotive Mузејот, за време на Building an Electric Future изложбата.

Изложбата, пак, за јавноста ќе биде отворена на 20 ноември, а треба да се потенцира и дека плановите на германската автомобилска марка се да стане водечки производител на електрични возила во светот.

Инаку, ID. Space Vizzion e студија на електричен караван и тоа изграден врз MEB платформа на Volkswagen наменета за електрични возила, при што се потенцира модерната, пространата и варијабилна внатрешност, како и ID Pilot систем со автономно возење

Покрај тоа, се спомнува и дигитален кокпит, како и седишта кои се прекриени со материјал наречен AppleSkin, нов производ што е составен од обновлив сиров материјал.

Конкретни детали допрва следуваат но веќе сега е потврдено дека автономијата на возењето со едно полнење на батериите изнесува 590 km (според мерењата по WLTP циклусот).

Треба да се истакне дека I.D. Space Vizzion ќе добие и сериска верзија и тоа веќе во 2021 година како и дека ќе се продава на американскиот, европскиот и кинескиот автомобилски пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновена Kia picantо за пазарот во Европа

Peugeot го претстави електричниот e-Traveller

Volkswagen Arteon (2021): ќе има Shooting Brake верзија со 333 KС

Alfa Romeo подготвува електричен мини SUV!

BMW M5 речиси откриен, LCI iизведбата пристигнува на крајот на летото!

Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition

Новата Toyota Hilux се подготвува за премиера во друштво на Фернандо Алонсо

Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Novi BMW Serije 4 Coupe стаса предвреме !