Електрична Hozon Neta E

Младата кинеска компанија Hozon Auto продолжува да ја шири својата моделска линија и се подготвува да го лансира електричното coupe – Neta E на пазарот до следната пролет.

Новото купе 2+2 е долго 4704 mm, широко 1980 mm, високо 1418 mm, растојание помеѓу оскинте изнесува 2770 mm, а тркалата се големина од 19 инчи.

Најавени се две верзии, основната има еден електромотор на задната оска (има моќ од 170 kW/231 КС), а има и верзија со погон на сите тркала со два електромотори и вкупна моќ од 340 kW/462 КС.

Капацитетот на батеријата не е објавен, но познато е дека верзијата со погон на задните тркала ќе може да помине 560 километри со едно полнење (по циклус CLTC), а верзијата со погон на сите тркала околу 580 километри.

Исто така, подоцна ќе пристигне и варијанта со досег до 660 километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Chevrolet Aveo

Подновен Nio EC6

Светска премиера: Нов Renault Espace: Иста DNK, нова генерација

Електричен MINI Cooper SE Cabrio

Подновениот Volkswagen Touareg пристигнува во мај годинава

И официјално Ford Explorer EV

Нов Subaru Crosstrek

2023 Alfa Romeo Giulia & Stelvio

Radical SR10 XXR