Електрична Opel Zafira e-Life

Opel ја надополни својата електрична гама со патничка верзија на електричната Zafira која може да прими до девет патници….

И Zafira e-Life исто така има 100 kW / 136 кс и 260 Nm и може да достигне максимум 130 км/ч, со забрзување од 0 до 100 км/ч за 13,1 секунда.

Возилото има батерии од 50 kWh и автономија од 230 км (според стандардите WLTP), со 80% од капацитетот на батеријата на брз полнач може да се наполни за 30 минути.

Треба да се напомене дека ќе биде достапна и верзија со батерии од 75 kWh и автономија од 330 км.

Дел од опремата е и информативно – забавниот систем со 7,0-инчен екран на допир.

Понудата ќе вклучува верзиите Small, Medium и Large, додека капацитетот на оптоварување е 1000 кг.

Продажбата на европскиот пазар ќе започне во текот на летото, а испораките ќе следуваат подоцна оваа година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Jeep Gladiator сега достапен и со дизел мотор

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born