Електрична Toyota BZ4X

 Претходно од Toyota соопштија дека на 19 април, на претстојниот саем за автомобили во Шангај, ќе изложат целосно електричен crossover изграден врз направен e-TNGA платформата…

Автомобилскиот гигант од земјата на изгрејсонцето го потврди овој електричен crossover на крајот на минатата година кога беше најавен под кодот BZ (Beyond Zero).

Треба да се напомене дека премиерата во Шангај ќе има пред-продукциски модел, додека конечната, продукциска – сериска верзија пристигнува нешто подоцна.

Сега се појави нова слика, како и информација дека ознаката на ова возило треба да биде BZ4X.

Големината на BZ4X ќе биде слична на сегашната Toyota RAV4, но ќе има подолго растојание помеѓу оските, како и последователно на тоа, поголема пространост и комфор во внатрешноста.

Новата e-TNGA платформа е развиена во соработка со Subaru, и ќе понуди можност за верзии со преден, заден или погон на сите четири тркала, како и складирање на батерии од различни капацитети.

Покрај тоа, ќе се користи за модели со различно растојание помеѓу оските , растојание помеѓу тркалата (трага на тркалата), должина и висина.

Производството на новиот електричен crossover модел на Toyota ќе се одвива во Јапонија, а моделот ќе се продава и на пазарите на Стариот континент. Серискиот BZ4X ќе пристигне на пазарот, ако се се одвива според плановите во наредната 2022 година.

На крајот од автомобилскиот џин од Јапонија и најава до 2025 година на клиентите ќе им понуди дури 15 нови електрични модели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили