Електрична трансформација на луксузниот олдтајмер

Успешната преработка од Lunaz на антиката на тркала Bentley S2 Continental  располага со моќ од „електрични“ 400 КС…

Компанијата Lunaz е специјализирана за електрични конверзии на класични британски автомобили, а најновиот проект е луксузниот Bentley S2 Continental од 1961 година, кој е претворен во возило со нулта емисија на штетни гасови.

Станува збор за Bentley кој е меѓу најретките автомобили кои биле подложени на третман на електрификација на Lunaz.

Од компанијата велат дека ова е еден од само четирите примероци на овој специфичен модел со James Young каросерија.

Во тоа време, беше можно да се купи шасија од производител на автомобили, а потоа да се транспортира до производителот на каросерии, а во овој случај, James Young произведе истакнати браници и кабина со две врати за Bentley. Погонот на оригиналот бил 6,2 литарски бензински мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V8, поврзан со автоматски менувач на брзини.

Lunaz се ослободи од бензинскиот V8 моторот и постави електричен погон кој испорачува 400 КС и 719 Nm  максимален вртежен момент.

Новиот погонски склоп нуди супериорни перформанси : Забрзувањето од 0 до 100 km/h за само 6,9 секунди.

Покрај новиот погон, Lunaz има вградено целосно прилагодливо потпирање, а возачот може да ги конфигурира поставките од кабината.

Што се однесува до сопирачките, сега има дискови со клешти со шест клипа напред, како и клешти со четири клипа на задниот дел.

Lunaz целосно ги обновува автомобилите, ги раздвојува до последната завртка, а потоа по реставрацијата доаѓа склопување.

Во внатрешноста има дополнителни одржливи материјали како тапацир од регенерирани најлонски влакна и кожа, а има и дрвени фурнири.

Во 2021 година, Lunaz го електрифицираше Bentley S2 Continental Flying Spur од 1961 година, а тој автомобил има каросерија со четири врати потпишана од H.J.Mulliner.

Основната цена изнесувала 350.000 британски фунти, многу, или пак малку, зависи од кој аспект ќе се гледа на оваа егзотична креација – комбинација на минатото со иднината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Opel Astra G 25 години на автомобилската сцена

ExoMod Dodge Challenger SRT Hellcat

Volkswagen планирал Golf со V10 мотор!

Asprey Bugatti Egg Collection

Lexus LC Ultimate Edition

DS покажува како би можел да изгледа реинкарнацијата на летечкиот Citroen DS

Novitec Lamborghini Aventador Ultimae Roadster

Легендарниот „дедо’ на BMW Series7

Citroën DS автмобилска икона полна генијални иновации!