Електричната премиерска лимузина на Баварците тестирана во зимски услови

Електричниот BMW i7 е во завршна фаза на тестирање овој пат на снег, мраз и на ниски температури…

Од BMW деновиве објави сет официјални фотографии од зимското тестирање на својот идна електрична премиерска лимузина i7, се разбира уште под „дебела“ камуфлажа.

Сликите се направени во зимскиот тест центар на компанијата во Арјеплог (Arjeplog), Шведска, додека премиерата може да се очекува во наредните месеци (продажбата најверојатно ќе започне на крајот на следната 2020 година).

Оваа луксузна лимузина на струја на премиум автомобилската марка од Минхен е директен конкурент на електричниот Mercedes EQS, каде автомобилот, меѓу другото, ќе добие заоблен дисплеј, како и понапредна технологија за автономно возење.

Возилото ќе се заснова на флексибилна платформа CLAR, а се очекува дека i7 би можел да добие два електромотори како BMW iX xDrive50 (кој располага со моќност од 523 КС и 765 Nm максимален вртежен момент).

Лимузината на BMW ќе има батерии со капацитет од 105,2 kWh што би требало да обезбеди автономија на возење со едно полнење на истите од  630 километри.

Дополнително, во понудата би требало да има и други верзии, вклучувајќи ја и варијантата од M Performance дивизијата што би требала да понуди повеќе од 600 КС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept