Електричниот Audi Q5 e-tron

Од Audi ја проширија својата понуда со уште еден електричен модел, Q5 e-throne…

Најава за овој новитет беше Audi concept Shanghai, кој германската марка го претстави годинава на априлскиот саем во Шангај.

Како што сега стојат работите, Audi Q5 e-tron е возило кое ќе биде наменето само за кинескиот пазар.

Сепак, планирани се верзии со 6 и 7 седишта, додека димензиите на возилото изгледаат вака: должина 4876 mm, висина 1675 mm, растојание помеѓу оските од 2965 mm и максимален волумен на багажникот со преклопени задни седишта од 1825 литри.

Се споменуваат три варијанти: Q5 35 e-tron со погон на задните тркала и еден електричен мотор со 132 kW / 180 КС (батерии 55 kWh), потоа Q5 40 e-tron со 150 kW / 204 КС (батерии 83,4 kWh и домет 560 km на NEDC циклус), како и Q5 50 e-tron quattro со два електромотори со вкупно 225 kW / 306 КС и погон на сите тркала (батерии 83,4 kWh, опсег околу 520 km).

Продажбата на кинескиот пазар ќе започне до крајот на оваа година, а за производство ќе се грижи SAIC Audi.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022