Електричниот BMW М5 со 1,000 КС

Веќе се зборуваше дека следната генерација на BMW Series 5 (се очекува во текот на 2023 година) ќе биде достапна со бензински и дизел мотори, во plug-in  хибрид и во целосно електрична верзија (последната можеби со ознаката BMW i5)….

Во меѓувреме, некои медиуми пишуваат дека сосема новиот M5 ќе биде достапен и воplug-in хибрид и во електрична варијанта.

Значи, новиот M5 plug—in хибрид треба да комбинира V8 турбо бензинец и електричен мотор, со вкупно 750КС и 1000 Nm вртежен момент.

Уште повеќе внимание привлекува најавата на електричниот М5 (наводно се очекува во 2024 или 2025 година), со три електрични мотори (два во задниот и еден на предниот дел) и батерии со капацитет од 135 kWh.

Вкупната моќност ќе биде 1000 КС, што би требало да обезбеди забрзување  од 0 до 100 км/ч што ќе трае помалку од три секунди, а ќе има автономија, со едно полнење на батериите, од околу 700 км.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Салонот во Женева би можел да се одржи во 2021 но во поинаква форма!

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд