Електричниот eBussy e возило „камелеон“

eBussy, кој го произведува германскиот производител за електрични возила Electric Brands може да се конфигурира во најмалку 10 различни типови на возила…

Сметан за нај иновативното и модуларно лесно возило на светот, eBussy, кој го произведува германскиот производител за електрични возила Electric Brands може да се конфигурира во најмалку 10 различни типови на возила.

Достапен во варијанта со две шасии, модуларниот концепт е развиван според „LEGO принципот.

На тој начин лесно и брзо може да го адаптирате вашиот eBussy за вашите потреби онолку колку што ќе посакате.

Од pick-up до кампер, овој електричен автомобил може да се прилагоди на вашите потреби како камелеон.

Овој автомобил на Electric Brands се карактеризира со впечатлив дизајн и може да генерира опсег до 200 км на дневно ниво.

Тоа го постигнува благодарение на своите интегрирани соларни модули, како и на ре-куперативната можност за возење.

Максималната автономија на движење, без дополнење, со полна батерија и соларните модули е повеќе од 600 км.

Со оглед на тоа дека има повеќе од 10 модуларни и панели (што може да се менуваат) од каросеријата, тој може лесно и брзо да се претвори во cabriolеt, off road возило, потоа во практични караван, односно pick-up, или, пак во автобус за кампување, односно во многу варијанти, во само неколку едноставни чекори.

Со својот перманентен, електронски контролиран погон на сите четири тркала во комбинација со својот иновативен all-steering систем, со своите дигитални надворешни ретровизори и комуникациски систем кој се контролира преку апликација, како и 1.000 Nm вртежниот момент, eBussy поставува нови стандарди и тоа не само како лесно возило.

Инаку, секоја варијанта на eBussy пристигнува со мала батерија од 10 kWh која гарантира автономија на движење од 200 км, а како опција е достапна и батерија со 30 kWh.

 

eBussy има интегрирани соларни подлоги со површина до осум метри квадратни зависно од модулот.

Со ова, добивате 13 kWh дневно. Во комбинација со рекуперативните мотори, можете да патувате до 300 км без истите да ги промените.

Инаку, кога станува збор за модулите, тие се исто така разновидни и корисникот може да ги менува од време на време.

Најосновната конфигурација на eBussy стартува со цена од 15.800 евра, а може да достигне цена и од 28.800 евра за комби верзијата за кампување кој се карактеризира и со дополнителна опрема како фрижидер, телевизор и резервоар за свежа вода…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Електричниот BMW М5 со 1,000 КС

Идеално решение за SUV на Ferrari

Внатрешноста на новата Mercedse S Class

Mazda MX-30 e-Skyactiv G со mild-hybrid погон

Nikola е прв американски камион за смет со целосно електричен „зелен” погон

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!