Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување

Модeлот Ocean, електричниот SUV на  Fisker ќе стаса идната година а сега се објавени и негови скици што најавуваат дека ќе биде понуден во раzличн верзии…

Проиводството на електричниот  SUV на Fisker, моделот Ocean ќе стартува наредната година, a возилото ќе има погон на сите четири тркала, досег од 483 км  и батерија со капацитет од 80 kWh.

Од 0 до 100 км/ч  ќе забрзува за помалу од три секунди (во верзија со ултра високи перформанси), a цената на основниот модел ќе изнесува 37.000 американски долари.

Исто како и електричниот Hummer што неодамна е најавен од GM и Ocean има задача да земе дел од колачето од пазарот на екстремни off-road електрични SUV модели.

Скицата во прилог на написов е се што досега имаме, а на неа се гледаат широки off-road гуми, широки лаци над тркалата, поголема заштита а подвозјето и носачи на покривот заедно со резервно тркало.

“Ниското тежиште и големото растојание помеѓу тркалата даваат подобра стабилност, па Fisker Ocean е совршенo off-road возило што можат да го користа и интернационалните организации за спасување како и воените сили  за возило без емисија а штетни гасови наменето за транспорт на воен персона “,  соопштуваат од Fisker.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Ford ги издвојува Bronco и Mustang како посебни марки!

Кои модели на Lada најмногу се исплатливи за првиот сопственик

Mercedes-Benz S-Class (W223) дефинитивно пристигнува есенва!

Lotus Evija во финална фаза !

Škoda тротинет- го собира на местото за резервно тркало

Fiat планира ривал на Nissan Qashqai а се враќа и Fiat Punto

Porsche e „dream car” на повеќето, потврдила анкетата!

Како би можел да изгледа спортскиот модел на Dyson!?…