Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Fisker Inc. потпиша Меморандум за разбирање со компанијата Magna International, кој вклучува производство на електричен Fiskera Ocean во фабриката на Magna, во Грац, Австрија…

Се очекува конечен договор во наредните неколку месеци, додека производството на Ocean во Грац треба да започне во последниот квартал од 2022 година.

Покрај тоа, во Fisker ја разгледува можноста за производство на овој електричен теренец и во САД и Кина.

Инаку, во март оваа година, Fisker објави дека од 2022 година, SUV моделот Ocean ќе им се понуди на клиентите во Европа.

Поточно, тој ќе се понуди најпрво во Германија, Норвешка и Данска, а подоцна и во други земји.

За потсетување, Ocean е разноврсно електрично возило со два електрични мотори (основната верзија има 225 kW / 306 кс), литиум-јонски батерии од 80 kWh  (до 80% од капацитетот се полни за околу 30 минути) и автономија од 250 до 300 милји (402-483 км).

Во веста се наведува и дека ќе има помоќна верзија која ќе забрза од 0 до 60 милји на час (96 км/ч) за помалку од три секунди.

Според најавите, овој SUV долг 464 см се одликува и со нај -простран ентериер во својата класа, голем екран на допир, дигитален панел за инструменти, head-up приказ и два безжични полначи.

Исто така ќе бидат достапна и опции за тркала со големина од 22 инчи, соларни панели на покривот и автономни способности, како и погон на сите тркала.

Што се однесува до цената, основниот Ocean на пазарот во САД ќе чини 37.499 долари (со субвенции 29.999 долари), додека цената за Европа ќе биде објавена подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW во тековната 2021 планира двојно да ја зголеми продажбата на EV

Од KIA пристигаат неколку EV првото доаѓа наскоро

Mobilize, EV бизнис на споделување на електрични возила

Dacia Bigster concept

Sony сериозно го развива  Vision-S модел

Први „тизери“ на електричниот Hyundai Ioniq 5

GM го претстави летачкиот Cadillac

Hyundai и Apple започнуваат соработка за автономни EV -возила

Продажбата на EV во Германија тројно зголемена во 2020