Електричниот Ford Bronco  пристигнува во Европа но само во ограничена серија

Ford официјално потврди дека новиот Bronco ќе се продава и во Европа…

Придружувајќи им се на Mustang и Explorer како модели дизајнирани и направени за американскиот пазар и достапни на Стариот континент, новиот Bronco ќе се најде во салоните на Ford во Европа од крајот на следната 2023 година.

За жал, Bronco ќе се продава во Европа во „строго ограничен број“, иако не се знае точно што значи тоа, според Motor1. Она што го знаеме со сигурност, сепак, е дека цврстиот теренец ќе биде достапен само на европските пазари со волан на левата страна од третиот квартал на 2023 година.

„Bronco е најтешкото и најразновидно теренско возило на Ford, а новата генерација ја комбинира ДНК на оригиналот со најновите технологии за управување со теренски патишта и широк спектар на додатоци за да создаде нова теренска икона“, вели Матијас Ton (Matthias Tonn) oд Ford of Europe, додавајќи „по огромниот успех на новиот Bronco во САД, ние сме воодушевени што ќе донесеме дел од духот на авантурата на нашите клиенти во Европа“.

Ford се уште не е подготвен да открие технички детали во врска со европската верзија на Bronco. Производителот само вели дека ќе се продава исклучиво како возило со четири врати, но нема информации за нивоата на опременост и цените.

Сепак, познато е дека стандардната опрема ќе вклучува елементи како што се премиум аудио систем Bang & Olufsen со 10 звучници и сабвуфер, камера од 360 степени и 12-инчен екран за информативно – забавниот систем со компатибилност со Apple CarPlay и Android Auto. .

Што се однесува до способноста за теренски, Ford вели дека Bronco ќе дојде во Европа со стандарден заден диференцијал за блокирање и опционален преден диференцијал за блокирање.

Ford, исто така, ветува дека за Bronco ќе биде достапен широк спектар на додатоци. Тие вклучуваат подобрени системи за осветлување, заден шатор, шатор на покривот, странични „тенди“, шини на покривот и наменски носачи за  скии, велосипеди и кутии на покривот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Победничкиот болид на Шумахер Ferrari F300 на аукција

Новата генерација на Ford Mustang пристигнува следниот месец!

Stellantis ја раскинува „дружбата„ со кинескиот партнер GAC

Продажбата на VW Group во драстичен пад во однос на минатата година

Трет триумф на Марко Блажевски во Twingo Cup

Honda размислува за враќање во F1

Нов тркачки викенд на Twingo Cup на Гробник со рекорден број возачи

Наспроти сите други производители Dacia со раст на продажбата во првото полугодие

Цените на горивата продолжуваат да одат „горе – долу“