Електричниот Ford Mustang Mach-E ќе пристигне најпрво во Европа

Иако се очекуваше електричниот Mustang Mach-E најпрво да се појави во САД, сепак упувачите од Стариот континент ќе ја имаат привилегијата  први да го видат и да го возат новиот автомобил на Ford…

Откриени се нови детали за електрифициран Mustang, откако на неодамна одржаниот саем во Чикаго, член на Mach-E Club форумот имаше чест да разговара со Џејсон Мејс, човекот задолжен за маркетинг стратегијата за електричните автомобили на Ford.

Она што е најинтересно е фактот дека Mustang Mach-E најпрво ќе биде виден во Европа, па дури потоа во САД. бидејќи земјите ако  Норвешка ќе бидат првите кои ќе го имаат Mustang Mach-E“, порачал Џејсон Мејс.

Сепак, сите тие кои Mustang веќе го нарачале, а живеат во САД, нема долго да чекаат на испораката бидејќи се очекува првите модели да пристигнат на нивните адреси веќе во април.

Кога станува збор заавтомобилот, од Ford велат дека новиот електричен агрегат ќе произведува 439 КС и максимален вртежен момент од 830 Nm, а дека со целосно самостојната батерија од 98,8 kWh возачите ќе можат да поминат 378 km.

Првите модели во Европа ќе се појават за нккеој месец , а нешто подоцна ќе започне и продажбата на пазарите во САД.

Атрактивниот Mustang Mach-E е модерен crossover со агресивна предна линија и целосно затворена решетка, врамена со  LED светла и спортски долен браник што прави автомобилот да изгледа атлестски, а тоа е дополнето со гресивниот ли и одзади, бидејќи Mach-E има  аеродинамични вертробрани, спортска линија на покривот и благо накривување на силуетата.

Моделот исто така може да се пофали со истакнати задни браници, спојлери и скриени рачки на вратите, кои носат допир на луксуз и повисока класа,  а во ист стил продолжува и во внатрешноста на Mach E, кде возачите ќе можат да го приметат и познатиот волан на Mustang зад кој се наоѓа самостојната 10,2-инчна дигитална инструмент табла.

Тука е и 15,5-инчниот информативно забавен систем чувствителен на допир, кој на возачот, но и совозачот им овозможува да ги контролираат сите функции во возилото, а елегнтната инструмент плоча е врамена со вити отвори за воздух  и облога од алуминиум како фрагмент плус во естетиката со ниво на луксуз и грациозност.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti

Шпионски фотографии на хибриден McLaren од спортската серија

Tesla во еден ден загуби 80 милијарди долари од својата вредност!

Миризбата на новиот автомобил повеќе нема да биде негова одлика!

Во Франција објавени цените за новиот Citroen C4

Suzuki Jimny најде начин да се врати во Европа како Jimny Van

Со  MC20 во Maserati најавуваат пресвртница и нова ера под капата на Stilantis