Електричниот камион на Ford го победи Tesla

Има се повеќе електрични камионети а последен во низата е моделот Rivian, кој се појави во октомври., но најголемо внимание сепак привлекува Ford F-150 Lightning, кој ќе пристигне во претстојната 2022 година…

Веб-страницата Autolist, која се занимава со продажба на возила, спроведе анкета за електрични камиони и праша повеќе од илјада корисници кој модел го претпочитаат: Ford, Chevy Silverado EV, Tesla Cybertruck, GMC Hummer EV камион или Rivian R1T.

Ford беше на самиот врвот на листата во речиси сите категории.

Над 38% од испитаниците без размислување би купиле ново електрично возило Ford, 26% би избрале Chevy и околу 20% Cybertruck.

Така, за прв пат, Ford ги заинтригира љубителите на електрични возила, што е голема работа со оглед на тоа колку популарен (беше ) Cybertruck.

Дистопиското возило на Tesla пристигнува на крајот на 2022 година, а доцнењето не ги обесхрабри помладите фанови.

Постарите од 35 години сè уште го претпочитаат електричниот pick –up на Ford, додека Cybertruck го претпочитаат помладите корисници.

Јасно е дека со годините доаѓа и нова куповна моќ, па останува да видиме кој камион ќе донесе поголем профит.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период