Електричниот „Лилипутанец“ на Mitsubishi заминува во историја!

Јапонскиот производител ќе го заврши производството на малиот електричен градски автомобил i-MiEV на крајот на годината…

Mitsubishi i-MiEV е еден од првите масовно произведени патнички автомобили на струја во светот. На него беа базирани и малите градски шармери на струја на Citroen и на Peugeot, моделите Citroen C-Zero and Peugeot iOn.

Претставен во 2009 година, тој е продаван во над 50 земји, а во изминатите 11 години, околу 32.000 од овие возила се испорачани на клиенти.

Иако се појави на пазарот една година пред Nissan Leaf, тој заостанува далеку зад овој популарен електричен модел, кој е продаден во повеќе од 500.000 примероци.

Како една од причините за исклучување на производството на моделот i-MiEV, Mitsubishi наведува дека компанијата немала доволно средства и работна сила за да продолжи со подобрување на моделот i-MiEV и понатамошен развој на електрични автомобили, па затоа ова возило со исклучително скромни перформанси за денешните услови беше осудено на неуспех.

За потсетување, i-MiEV користеше електричен мотор со 64 КС (47 kW) и 180 Nm поставени на задната оска.

Се напојуваше со електрична енергија од литиум-јонска батерија со капацитет од 16 kWh, а максималната автономија, барем во теорија, беше 160 км. Максималната брзина на автомобилот изнесуваше 130 км/ч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија