Електричниот Lotus Evija хипер автомобил со 2000 КЅ!

И претходно Lotus потврди дека во јули тековната 2019 година во Лондон ќе го промовира својот нов електричен  hypercar Eviјa (пред тоа познат под кодното име Type 130), што и се случи денес…

Тоа е инаку нивниот прв потполно нов модел во последните 10 и повеќе години и е сигнал за ревитализацијата на марката под закрилата на новиот сопственик, автомобилската компанија Geely, од Кина.

Според најавите од фабриката Evija претставува најбрз, најскап и  најрадикален модел на Lotus што кога и да е е направен во 70 годишната историја на Компанијата.

За погон се грижат четири електрични мотори со вкупна моќност од 2000KS и максимален момент на вртење од 1700 Nm, и затоа воопто не не изненадуваат податоците што ги опишуваат перформансите на британскиот хипер автомобил: Забрзувања, од 0 до 100 km/h за помалку од 3,0 секунди , од 0 до 200 km/h са само 8,6 секунди и максимална брзина поголема од 322 km/h.

Автономијата на возење со едно полнење на батериите со капацитет од 70 kWh изнесува околу 400 km според WLTP протоколот на испитување (тестирање).

Исто така треба да се потенцира дека погонот е на сите четири тркала, a возачот на располагање ќе има и пет режими на возење: range, city, tour, sport и track.

Кога станува збор за димензиите, Evija e долга 459 cm, широка 200 cm и висока 112 cm, додека пак масата на овој супер спортски автомобил со две седишта, благодарение на употребата на јаглеродни влакна изнесува само 1680 kg и покрај четирите електромотори и пакетот на батерии!.

На крајот, но не и помалку важно за купувачите на овој електричен хипер автомобил е и податокот дека се планира производство на лимитирана серија од само 130 примероци и се истакнува дека сите ќе бидат направени во погоните на фабриката Хетхел ( Hethel) во Норфолк ( Norfolk).

Инаку, стартот на производството е најавен за наредната 2020 година, a кога станува збор за цената таа ќе се движи помеѓу 1,5 и 2,0 милиони британски фунти (се разбира без давачките).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четврта генерација Škoda Fabia (MY 2021) го покажа својот лик!

Новата Opel Insignia сјае со новата генерација на IntelliLux LED пиксел светло

Четвртата генерација на Audi A3 Sportback пристига вгодина!

Пристига Citroen C3 Aircross C-Series edition!

Во 2020 Opel Insignia добива освежување

Подновен Jaguar F –Type за 2021

Porsche 911 Hybrid над сите Porsche 911!

Audi RS 3 (МY 2021) со 410 KS

Прекрасниот crossover новиот Kia Xceed пристигна во Скопје