Електричниот Lotus Type 130 себитира на 16 јули годинава

И официјално, деновиве, од Lotus потврди дека на 16 –ти идниот месец- јули, на посебен настан, во Лондон, ќе го промовира нивниот нов електричен хипер автомобил – hypercar Type 130…

За автомобилот се зборуваше уште на почетокот на декември минатата 2018 година кога и е објавена информацијата за тоа дека тој автомобил би требало да чини околу два милиони британски фунти!.

 

Тоа исто така е и нивниот прв потполно нов модел за последните повеќе од 10 години и претставува сигнал за заживување под капата на новиот сопственик, кинеската автомобилска компанија Geely.

Моделот Type 130, според најавите од фабриката претставува најбрз и најрадикален модел што Lotus го направил во својата досегашна историја долга 70 години.

Техничкиот партнер на Lotusна овој проект е Williams Advanced Engineering, што ќе се погрижи за електричниот погонски систем.

Шепотењата, по стручните форуми велат дека можеме да очекуваме неколку електромотори ( најмалку два) со моќ од околу 1000KS, потоа погон на сите четири тркала, наплив од модерна технологија, како и автономија на возењето, со едно полнење на батериите од најмалку 400 km.

На крајот и информацијата дека се планира производство на лимитирана серија од само 130 примероци, a сите тие ќе  бидат произведени во во фабриката во Хетел (Hethel) во Норфолк (Norfolk).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата Fiat Panda Waze, еволуција на нај социјалниот градски автомобил!

Аукција на реткиот егзотичен караван- Aston Martin DB5 Shooting Brake

Ford Ranger со сопствена икона за паметен телефон!

Обновена Мazda2

Германски, возбудлив, прифатлив: Видео серија 120 години на иконите на Opel

Полицијата во Лондон воведе дронови за лов на опасни возачи и улични тркачи

LEGO мотоцјкл Harley Davidson Fat Boy

Електричниот Lotus Evija хипер автомобил со 2000 КЅ!

Јeep Wrangler 1941 by Mopar