Германскиот производител ќе започне со продажба на EQS „Made in India“ во четвртиот квартал од оваа 2022 година…
Mercedes-Benz планира да започне локално производство на електрични седани EQS во Индија оваа година, како дел од пошироката кампања за електрификација во Азија, вели Мартин Швенк, шеф на филијалата на германската марка во земјата.
Mercedes, кој ќе биде првиот светски производител на луксузни автомобили што ќе произведува електрични модели во втората најнаселена земја во светот, очекува да пласира локални единици EQS на индискиот пазар во четвртиот квартал од оваа година, пишуваат агенциите.
Компанијата започна со продажба на увезениот електричен SUV EQC во Индија во 2020 година и оттогаш развива план за електрични автомобили во оваа земја, иако е во рана фаза.
Сега наместо да го увезуваме моделот, ќе го произведуваме локално, бидејќи има исклучителен потенцијал“, рече Швенк.
Продажбата на електрични возила, особено на луксузните, сочинува само дел од вкупната продажба на возила во Индија, главно поради слабата побарувачка и високите цени, како и недостатокот на локален синџир на снабдување, вклучувајќи го и производството на батерии. Дополнително, високите увозни давачки за електрични возила (Индија ги оданочува целосно склопените увезени автомобили дури 100 проценти), компаниите се обесхрабрени. Теslа минатата година лобираше кај индиските власти да ги намалат царините на 40 отсто.
Швенк не коментираше колку Mercedes ќе инвестира во програмата ЕV во Индија, но рече дека компанијата инвестирала четири милијарди рупии (47,6 милиони евра) во таа земја во изминатите две години, со што вкупната инвестиција таму достигна 300 милиони евра. . На глобално ниво, Daimler компанијата мајка на Mercedes, планира да инвестира повеќе од 40 милијарди евра до 2030 година во развој на електрични возила додека се подготвува да го достигне Теslа, соопшти компанијата во јули.