За потсетување, концептот Mercedes Vision EQXX во април тековната 2022 година помина 1.008 километри со едно полнење на батеријата, со тоа што имало „преостанато“ околу 15 отсто од капацитетот на истата….
EQXX замина на уште едно патување низ Европа, а овој пат резултатот од април беше надминат бидејќи овој концепт сега, со едно полнење на батерискиот пакет помина 1202 km.
Патувањето започна во Штутгарт, Германија, продолжи во Унтертурхајм, а потоа ја посети Франција пред да тргне на последниот дел од патувањето во Велика Британија.
Тој дел вклучуваше и застанување во базата на Mercedes-AMG F1 во Бракли пред да се упати кон Силверстон и познатата тркачка патека.
Таму го чекаше шампионот на Мерцедес во Формула Е, Ник де Вриј (Nyck de Vries), кој го возеше болидот 11 круга на патеката додека не се потроши батеријата.
По патување од 1202 километри, кое траеше 14 часа и 30 минути во текот на два дена, Vision EQXX се упати кон седиштето на Mercedes-AMG High Performance Powertrain во Бриксворт, Велика Британија….