Mullen Automotive потврди дека ги вратила правата за дистрибуција на Qiantu K50 во Северна и Јужна Америка.
Тоа значи дека американската компанија ќе произведува и продава локализирана верзија на електричното возило под имињата Mullen GT и Mullen GTRS.
Калифорниската компанија вели дека има за цел да понуди електричен спортски автомобил со супериорни перформанси што ќе овозможи забрзување од 0 до 60 mph (96 km/h) за време под две секунди и максимална брзина поголема од 200 mph (322 km/h).
Договорот меѓу Qiantu и Mullen првпат беше постигнат во 2019 година, кога тие објавија дека ќе работат заедно за да го хомологираат кинескиот автомобил за продажба во Северна Америка со лансирање закажано за 2020 година.
Но тоа беше одложено пред се поради спорот за договор меѓу компаниите.
„Qiantu развива електрични возила од 2013 година. Чест ни е да бидеме партнери со Mullen Automotive за да го донесеме Qiantu K50 на пазарот во САД“, рече претседателот Лу од Qiantu Motors.
„Со својот елегантен дизајн, одлични перформанси за возење и управување и импресивна надворешност од јаглеродни влакна, веруваме дека Qiantu K50 ќе има голем успех на американскиот пазар на електрични возила, нудејќи им на корисниците ново ниво на перформанси и удобност.