Кинескиот Zeekr 001 постави нов Гинисов рекорд за најбрз дрифт досега забележано од електрично возило…
Исто така, постави рекорд за најбрз слалом направен со електричен автомобил.
Заедно со поставувањето на нов рекорд за најбрзо EV Drift, со брзина од 207.996 km/h, Zeekr постави и нов репер за слалом на електрични возила, „ткаејќи“ помеѓу 50 еднакво распоредени конуси за само 49,05 секунди.
Двата рекорди беа соборени на почетокот на овој месец под надзор на судија за Гинисовата книга на рекорди на полигонот CATARC во Кина.
Zeekr 001 е придвижуван од пар електрични мотори кои комбинирано произведуваат 536 КС и повеќе од 700 Nm максимален вртежен момент.
Ова моќност му овозможува на електричниот автомобил да забрза од 100 km/h за 3,8 секунди.
Инаку Zeekr го продава автомобилот со пакет на батерии од 86 kWh и 100 kWh, а вторите имаат досег до 700 km со едно полнење.