Електричниот ѕвер Pininfarina Battista почна со тестови на тркачка патека

Од Automobili Pininfarina информираа дека ги почна тестовите на прототипот на моделот Batista, првата креација на компанијата и најмоќниот производен автомобил кој доаѓа од Апенинскиот полуостров…

Хипер автомобилот Pininfarina Battista во сериско издание би требало да се појави кон крајот на тековната 2020 година, а целиот проект за развојот на моделот Battista го води Рене Волман,  кој своевремено работеше на создавањето на Mercedes SLS AMG Electric Drive, како и AMG One.

„Нашиот прототип веќе исполни 80 % од своите перформансни можности и тоа без никакви проблеми, што значи дека Battista во овој момент е речиси еднаков со најсилните хипер автомобили со мотори на внатрешно согорување“, коментирал Волман и додал дека тестовите во воздушниот тунел укажуваат на можност за зголемување на автономијата на движење возење.

Електричниот хипер автомобил се напојува со технологија развиена од хрватски Rimac Automobili,  со четири индивидуални електрични мотори за секое тркало по еден за комбинирана моќност од 1.873 КС и огромеен максимален вртежен момент од 2.300 Nm и тоа речиси од старт.

Моторите ги напојува Rimac пакување на батериите во Т облик со течно ладење и 120 kWhмоќност, поставен веднаш зад возачот на најниската можна позиција на шасијата, со цел центарот на гравитација да биде што е можно пониско.

По долгите унапредувања, Battista сега конечно е тестиран на тркачката патека, а поранешниот Formula 1 возач, Ник Хајдфил, дојде како помош со цел да го подобри, унапреди, но и да го тестира ова возило.

На тестовите Battista постигнува топ брзина од 350 km/h, а од 0 до 100 km/h а забрзува за помалку од две секунди, додека од 0 до 300 km/h, според тврдењата на Pininfarina,  хипер автомобилот Battista забрзува за под 12 секунди и со полни батерии може дапомине  450 km, пред да треба да се полни.

Во однос на дизајнот, предниот дел од моделот наликува на дното од Ferrari Sergio концептот, а задниот дел доби футуристички изглед, пред се  благодарение на долгата светлосна лента позиционирана под задниот спојлер.

Во внатрешноста, контролната табла има три дигитални екрани насочени кон возачот, кои ги контролираат сите функции …

Ќе бидат произведени само 150 примероци од овој електричен хипер автомобил, чие производство ако се се одвива според планираното, би требало да почне кон крајот на годинава, а официјалното претставување на Pininfarina Battista ќе биде  на Саемот за автомобили во Женева идниот месец, кога би требало да биде позната и цената, но се уште е нејасно дали ќе биде претставен продукцискиот модел или уште едно концептуално издание.

Во меѓувреме од Pininfarina најавуваат дека заинтересираните купувачи ќе можат да го пробаат овој електричен автомобил во текот на првата половина од оваа 2020 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Идеално решение за SUV на Ferrari

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!